halotech

 

 

Halotech е биотехнолошка компанија која е специјализирана како за хуманата така и за ветеринарната дијагностика,

Компанијата го има индустријализирано SCD ( Sperm Chromatin Dispersion) тест. Оваа технологија овозможува мерење на фрагментацијата на ДНК на лесен и брз начин без потреба од комплексна лабораториска опрема.

Halosperm®  нуди подобра евалуација на квалитетот на спермата од традиционалниот тест кој што не ја зема во предвид еден од најбитните параметри а тоа е квалитетот на генетскиот материјал од мажот како  50 % фактор кој е одговорен за зачнување.

Информацијата за квалитетот на ДНК на спермата  во клиничката пракса се користи за помош во одлучувањето за тоа дали IVF или ISCI, За пресметување на ризикот од неуспех, За предложување на некој специфичен третман пред продолжување со IVF, Кај двојки со историја на спонтани абортуси, Сите двојки со необјаснета неплодност повеќе од 6 месеци до 1 година, Овозможува селекција на најдобриот донор, Кај машки лица над 40 години, Пушачи, Мажи со инфективни заболувања, Третирани од рак, Подложени на одредени медикаменти.

Halosperm G2®  е развиен како одговор на специфичните потреби од корисниците на првата генерација. Новата генерација на китови ги снабдуваат ИВФ лабораториите со сите клучни материјали потребни за успешно изведување на тестот на едноставен , брз и ефективен начин.