alegria orgentech

Компанијата Orgentec од Германија , која со самиот почеток во 1988 година е лидер во производството и развојот на тест системи за автоимуна дијагностика. Orgentec како производител има развиено повеќе од 200 високо специфични Елиса тест системи, блот системи и имунофлуоресцентни тестови за дијагностика на автоимуни заболувања како и инфективни заболувања.

Продукти:

Алегриа -Комплетно автоматизиран систем, базиран на SMC технологија произведена од Orgentec,  дава комплетно нова димензија во начинот на дијагностицирање на автоимуните заболувања и инфективната серологија.Со помош на овој систем корисниците имаат можност да изведуваат тестови според нивните индивидуални потреби.

Апаратот не  е зависен од тоа да има доволен број на примероци за да биде ставен во употреба,може да се користи како за индивидуални примероци така и за бројка до 30 примероци во еден процес, во било која комбинација на тестови.

Секој тест содржи една лента во која се содржат сите потребни информации потребни  за анализа, евалуација, и испитување на самиот тест. Така што било каква припрема на инструментот за анализата или пак припрема на примерокот се непотребни.

Предности на Алегриа системот:

  • SMC ( sensotronic memorized calibration) технологија
  • Создавање на инкубациони услови под стандардизирани услови во апаратот кои се идеални за вршење на тестовите, притоа осигурувајќи се дека на процесот не може да влијаат надворешни услови
  • Максимална флексибилност во дијагностицирањето на автоимуните заболувања
  • Преку 100 тестови достапни
  • До 30 различни резултати за 90 минути
  • Слободен и флексибилен избор на примероците до 30 пациенти, со индивидуални резултати за секој.
  • Секој примерок е валидиран преку своја контрола

algeria

Алегриа 2

* Автоимуни заболувања* Инфективни заболувања*  Дијагноза на Столица

*  Метаболизам на коски * Алегриа додатоци

Елиса тестови-  Повеќе од 20 години Orgentec  развива и произведува Елиса тест системи за авотимуна дијагностика, како и за Алегриа системот истите тестови од областа на автоимуната дијагностика се достапни и како Елиса.

Имуноблот системите како значаен дел за детекција на антитела  и дијагноза на автоимуни пореметувања се дел од Orgentec, можат да се изработат брзо во било која лабараторија. Евалуацијата е визуелна така што никаква специјална опрема не е потребна. Со воведувањето на Ivision Scanware,  Orgentec овозможува да се автоматизира евалуацијата на блот тестовите. Софтверот дозволува тестовите објективно да се евалуираат и потоа резултатите ефикасно да се зачуваат и архивираат.