GEne proff

GeneProof е  Чешка компанија која работи од областа на ин витро дијагностика на сериозни инфективни заболувања и генетски болести базирана на PCR метода. Сите производи се тестирани за квалитет од  QCMD and INSTAND e. V. External Quality Assessment Panels. Производите на оваа компанија се CE IVD, едноставни за употреба, Високо сензитивни, Ефективен минимален ризик за контаминација, Високо стабилни, Вметната  над стандардна грижа за корисници.

Портфолиото на компанијата се состои од Микробиолошка RNA и DNA дијагностика, Генетска дијагностика,Онкогенетска дијагностика, и изолација на Нуклеинска киселина.

 

 

 

 

 

alegria orgentech

Компанијата Orgentec од Германија , која со самиот почеток во 1988 година е лидер во производството и развојот на тест системи за автоимуна дијагностика. Orgentec како производител има развиено повеќе од 200 високо специфични Елиса тест системи, блот системи и имунофлуоресцентни тестови за дијагностика на автоимуни заболувања како и инфективни заболувања.

Продукти:

Алегриа -Комплетно автоматизиран систем, базиран на SMC технологија произведена од Orgentec,  дава комплетно нова димензија во начинот на дијагностицирање на автоимуните заболувања и инфективната серологија.Со помош на овој систем корисниците имаат можност да изведуваат тестови според нивните индивидуални потреби.

Апаратот не  е зависен од тоа да има доволен број на примероци за да биде ставен во употреба,може да се користи како за индивидуални примероци така и за бројка до 30 примероци во еден процес, во било која комбинација на тестови.

Секој тест содржи една лента во која се содржат сите потребни информации потребни  за анализа, евалуација, и испитување на самиот тест. Така што било каква припрема на инструментот за анализата или пак припрема на примерокот се непотребни.

Предности на Алегриа системот:

  • SMC ( sensotronic memorized calibration) технологија
  • Создавање на инкубациони услови под стандардизирани услови во апаратот кои се идеални за вршење на тестовите, притоа осигурувајќи се дека на процесот не може да влијаат надворешни услови
  • Максимална флексибилност во дијагностицирањето на автоимуните заболувања
  • Преку 100 тестови достапни
  • До 30 различни резултати за 90 минути
  • Слободен и флексибилен избор на примероците до 30 пациенти, со индивидуални резултати за секој.
  • Секој примерок е валидиран преку своја контрола

algeria

Алегриа 2

* Автоимуни заболувања* Инфективни заболувања*  Дијагноза на Столица

*  Метаболизам на коски * Алегриа додатоци

Елиса тестови-  Повеќе од 20 години Orgentec  развива и произведува Елиса тест системи за авотимуна дијагностика, како и за Алегриа системот истите тестови од областа на автоимуната дијагностика се достапни и како Елиса.

Имуноблот системите како значаен дел за детекција на антитела  и дијагноза на автоимуни пореметувања се дел од Orgentec, можат да се изработат брзо во било која лабараторија. Евалуацијата е визуелна така што никаква специјална опрема не е потребна. Со воведувањето на Ivision Scanware,  Orgentec овозможува да се автоматизира евалуацијата на блот тестовите. Софтверот дозволува тестовите објективно да се евалуираат и потоа резултатите ефикасно да се зачуваат и архивираат.